Децата присуствуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата и ја слушнаа химната.
Учениците го посетија официјалното работно место на претседателот, салата каде се одржуваат прес-конференции, свечената сала или мозаик сала, канцеларијата на претседателот, го видоа неговото биро. Се запознаа со дел од советниците на претседателот и останатите вработени. На претседателот му подарија пораки за татковината изработени од двете одделенија.
Тие се интересираа за претседателската функција, прашуваа што точно работи претседателот, како се станува претседател, кои се најважните особини за извршување на оваа функција, дали е тешка неговата професија, како се пренесуваат вести… Го прашуваа и за неговиот приватен живот, семејството, дали има слободно време, која музика ја слуша, која е негова омилена боја и сл. Учениците изјавија дека еден ден сакаат да станат претседател на државата или да бидат советници на претседателот.
Пендаровски им порача на учениците дека треба пред се да се биде добар човек за да се стане претседател на една држава. – Граѓаните очекуваат многу од тебе. Многу е битно граѓаните да знаат дека работам за нив, рече Пендаровски, кој додаде дека му помагаат неговите соработниците.
Со денешната средба на Пендаровски и учениците се најавува редовна практика на поголема отвореност на Кабинетот на претседателот. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на претседателот, http://pretsedatel.mk/?page_