Откината рака, распарчено лице: Дублерката на Мила Јововиќ поднесе тужба ФОТО

Оливија тврди дека инцидентот се случил во септември 2015 година во текот на снимањето на сцената со борба.

6647

Оливија Џексон, која ѝ била дублер на Мила Јововиќ во филмот „Resident Evil“, во понеделникот поднела тужба против Пол Андерсон, Џереми Болт, Танхаустер Гејт и Болт Пикчрс за трагедијата што ја доживеала на снимањето и останала без рака.

Имено, Оливија тврди дека инцидентот се случил во септември 2015 година во текот на снимањето на сцената со борба. Од неа било побарано да изведе „опасна и технички комплексна сцена на мотор во неповолни временски услови“. Требало да тргне кон камерата, но кранот не ја кренал навреме и таа се срушила со камерата. Таа останала без една рака, месото на лицето ѝ потполно искинато така што забите ѝ се гледале. Таа морало да биде ставена во индуцирана кома.

Оливија оттогаш била подложена на многубројни операции, претрпела силни болки, а оневозможена е нормално да ги извршува секојдневните обврски, односно нормално да живее.

FOTO: Printskrin/Instagram

FOTO: Printskrin/CdM

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...