Претсeдателот на Собранието Талат Џафери за утре во 13 часот закажа седница со единствена точка на дневниот ред – разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева.
Претходно, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ преку нивниот координатор Никола Мицевски, обвинија дека СДСМ и Заев се плашат да ја разрешат Јанева за да заштитат високи функционери вмешани во аферата „Рекет“ поради која во притвор е осомничената обвинителка.
ВМРО – ДПМНЕ вчера бараше итна седница за разрешување на Јанева за да може навреме Советот на обвинители да ја потврди одлуката на пратениците, а откако парламенарното мнозинство го одби нивното барање опозицијата обвини за тактизирање и заштита на Јанева пред истекот на нејзиниот мандат на 15 сепември.