УЕФА ја казни Швајцарската Супер лига со 50 илјади евра за направена грешка кога на Сион му беше дозволено да учествува во квалификациските натпревари во Лигата на Европа.
Секој тим кој се квалификува за европски натпревар мора да добие лиценца од матичната федерација или лига. Лиценцата докажува дека клубот спроведува правилни административни и финансиски активности што се во согласност со правилата на финансискиот фер-плеј.
Како што е забележано, оваа лиценца што му била издадена на Сион пред две години имала грешки што официјалните лица на УЕФА не ги забележале.
Сион, и покрај учеството на турнирот, испадна во третото квалификациско коло од Лигата на Европа од литванскиот Судува и не избори настап во групната фаза.