Нема ургентност да се донесе Закон за јавно обвинителство од аскет на онаа која постоеше поради предметите на СЈО бидејќи сега нив ги презема јавното обвинителство. Сепак, порача министерката за правда, Рената Дескоска, Закон треба да се донесе за да се исполнат целите од Стратегијата за реформи во правосудството и за да не ѝ се даде причина на која било земја членка на ЕУ да стави приговор при носењето на одлуката за почеток на преговори.
Дескоска вели оти можно е официјална средба и да нема помеѓу партиите за Законот за ЈО, туку можеби ќе им го испратат само законскиот текст.
– Неформални средби и консултации постојат овие денови, не само денеска, постоеја и претходните денови. Ќе видиме дали ќе биде преку средба, можеби и само ќе биде испратен Законот, само да седнат политичките партии да рефлектираат врз основа на пишан текст – рече министерката додавајќи дека тоа би бил Законот кој веќе се наоѓа во Собрание, но во него ќе бидат вметнати измените за кои се разговарало на лидерската.