Оваа дрога ја обожавале нацистите на Хитлер, а сега пристигна и на Балканот ВИДЕО

Метамфетаминот бил најпопуларната дрога во Третиот Рајх каде што легално се продавал како лек под името Первитин.

1497
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Кон крајот на минатиот месец полицијата во Биелина запленила во една акција 7 грама „мраз“, екстремно опасна дрога која што досега ја немаше на балканскиот пазар.

Всушност, станува збор за метамфетамин, попозната под името „кристален мет“ (Chrystal meth), која е екстремно опасна синтетичка дрога, десет пати посилна и три пати поевтина од кокаинот.

Токму тоа била причината поради која дилерите на дрога толку долго досега спречувале кристалниот мет да дојде на Балканот, затоа што кокаинската мафија би претрпела големи загуби и би изгубила многу клиенти.

Тажно, но вистинито, поради своите напори да го спречат влегувањето на „мразот“ на балканскиот пазар, кокаинската мафија на нарко зависниците им направила голема услуга, затоа што кристалниот мет е штетен за здравјето на целиот организам, посебно за нервниот систем. Метот брзо создава зависност, а долготрајната употреба го оштетува организмот и на молекуларно ниво.

Честата појава меѓу корисниците на мет, е и карактеристичната насмевка. Поради огромната токсичност на дрогата, на корисниците многу брзо им пропаѓаат забите, а нивните остатоци попримаат кафеава боја.

Кристалниот мет досега на овие простори го немало, но во последно време е забележано дека се појавува сè почесто, што е многу загрижувачки. На загрепскиот аеродром неодамна било запленето половина тон APPA, хемиска мешавина која е клучна за производство на големи количини на метамфетамин.

Оваа дрога стана светски позната благодарение на мегапопуларната серија „Breaking Bad“ за учителот по хемија кој одлучил да произведува метамфетамин и на тој начин да го финансира лекувањето на ракот на белите дробови.

Метамфетаминот бил најпопуларната дрога во Третиот Рајх каде што легално се продавал како лек под името Первитин. Метамфетаминот во големи количини го консумирале војниците на Вермхарт (обединетите вооружени сили на Нацистичка Германија) за да нечувствуваат замор и глад, а метот е заслужен и за успехот на блицкриг (молскавичната војна), со кој на Хитлер му пошло од рака за само неколку месеци да ја покори западна Европа.

Foto: AP/Cannon River Drug and Violent Task Force

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...