Во претстојниот период и во текот на 2020 година, Општина Карпош ќе се фокусира на одржување на зелените површини, поставување на системи за наводнување и облагородување на тревниците, во рамки на заштита на животната средина.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ардијан Муча беа во обиколка на новите зелени површини долж бул. „8 Септември“.
Во изминатиот период, значително се зголеми фондот на дрвја во Општината. Се садеше меѓу зградите (меѓублоковско зеленило), како и долж булеварите и главните сообраќајници кои се под надлежност на Град Скопје. Богоев и Муча се согласија дека треба да се стави поголем акцент на одржување на тревниците и облагородување на јавните површини кои се наоѓаат во лоша состојба.
ЈП Паркови и зеленило целосно го уреди зеленилото долж бул. „8 Септември“, а поставен е и систем за наводнување. Дополнително се засади нова трева и поставен е систем за наводнување на аголот меѓу „Љубљанска“ и „Партизански одреди“, а исто така, овој потег дополнително ќе биде уреден хортикултурно.