Мицевски: Заев и СДСМ се плашат да ја разрешат Јанева

205

Пратениците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска уште еднаш апелираa до пратениците од парламентарното мнозиснтво да престанат „со купување на време и со тактизирање“ и веднаш да биде разрешена осмничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.

– Намерата на СДСМ и Зоран Заев е Катица Јанева да не биде разрешена, за незаконско, нестручно и нсовесно работење, туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот. Планот за спас на Катица Јанева нема да успее. СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева – изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката груа на ВМРО – ДПМНЕ. 

Тој обвини дека СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева затоа што и покрај тоа што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница се уште нема.

– Согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше и мораше да биде разрешена. Собранието е должно да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок. Секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Намсто да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сеуште дава наредби од притвор – вели Мицевски и додаде дека парламентарното мнозинство и Зоран Заев ја штитат Јанева бидејќи се штитат самите себеси. 

– СДСМ и Зоран Заев од ден на ден се повеќе и повеќе тонат во своите криминали. СДСМ и Зоран Заев се плашат да ја разрешат Катица Јанева. Во медимуите секојдневно има нови информаци за вмешаноста на високи партиски функционери на СДСМ во најголемата криминално-рекетарска афера „Рекет“. Тоа е и причината зошто Катица Јанева се уште не е разрешена – вели Мицевски.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...