Најголемата политичка партија во Северна Ирска, Демократската унионистичка партија (ДУП), денеска соопшти дека нема да дозволи тој британски регион да биде принуден да ги прифати правилата на ЕУ по Брегзит.
Официјални претставници на ЕУ и Ирска предложија дека еден од начините за излез од проблемот во преговорите за Брегзит е да се создаде „бекстоп“ само во Северна Ирска, со што би се усогласиле регулативите со членката на ЕУ, Ирска.
Но, Демократската унионистичка партија (ДУП), чии десет членови на Парламентот ја поддржуваат конзервативната Влада на британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти дека ќе ги прифати законите на ЕУ, само доколку Парламентот на Северна Ирска може да ги избере, што во минатото повеќе пати беше отфрлено од Ирска и ЕУ.
– Нема да прифатиме одвоени аранжмани кои ќе не отсечат од Велика Британија – изјави портпаролот на ДУП за Брегзит, Сами Вилсон, за Би-Би-Си Радио Улстер.