На популарната актерка ова ѝ е вторпат да се фотографира гола за некоја насловна, а првпат тоа го направила во 1991 година во седмиот месец од бременоста.
Славната актерка Деми Мур (56) позирала гола за октомврискиот број на списанието „Харперс базар“ носејќи само огромен розов шешир и дијамантска белегзија.
Иако во ноември ќе наполни 57 години, Деми изгледа речиси двојно помладо – поради што фотографијата во краток рок ги „запали“ социјалните мрежи.
Актерката во шестата деценија од својот живот покажала вита линија и исклучително тело.
Меѓутоа, ова не е првпат актерката да позира целосно гола за насловна на некое списание.
Таа исто така во 1991 година во поодмината бременост позирала за насловната страна на американскито магазин „Венити фер“.
На себе тогаш носела само дијамантски обетки и прстен. Тој нејзин чин предизвикал полемика и критика, а на самата Деми тоа не ѝ пречело.