Жешко кафе натера авион принудно да слета во Ирска

766

Авион со 326 патници мораше принудно да слета во Ирска бидејќи по контролната табла во кабината на пилотот се истурило жешко кафе, пренесуваат светските медиуми.

Четириесет и деветгодишниот пилот одлучил да го приземји авионот, кој летал од Франкфурт за Канкун, бидејќи кафето предизвикало јак мирис на запалено и дим, а едно од копчињата почнало да се топи.

Инцидентот се случил во февруари кога пилотот ја ставил шолјата кафе без поклопувач на контролната табла наместо на држачот за кафе, се наведува во извештајот.

Нема повредени во овој инцидент, а сега се сменети прописите за да се осигура дека поклопувачи за чаши има на сите летови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...