Се бира најхумана медицинска сестра

438

Унијата на здруженија предводена од ЗМСТА – За нас по повод „Интернационалната недела на сестринството“ која трае од 5 до 12 мај објавува конкурс за „најуспешна и најхумана сестра“, на кој може да аплицираат сите медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од Македонија.

Конкурсот ќе трае до 24 април, а за пријавените кандидати ќе одлучува комисија според претходно утврдени критериуми.

Избраните кандидати ќе бидат прогласени на 11-ти мај 2018 на свечената академија по повод „Денот на медицинската сестра“.

Плакетата за најхумани и најуспешни ќе го промовира и мотото на сестринството во Македонија: „Ние медицинските сестри можеби не сме ангели, но сме втората најубава работа по ангелите“.

Целта на конкурсот е да  започне традиција каде ќе се истакне и почитува секој вложен труд. Без оглед на возраста, степенот на образование или години на работно искуство, кандидатите може да конкурираат самостојно или пак да ја посочат колешката/колегата кој/а според нив треба да го носи епитетот најхуман (а)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...