Маската на Дарт Вејдер се продава на аукција за 450.000 долари

Проценето е дека маската и кацигата на Дарт Вејдер ќе бидат продадени за најмалку 250.000 долари, а најмногу за 450.000 долари.

128

Овој месец на аукција ќе бидат понудени очилата на Хари Потер, како и ретката маска и кацига на Дарт Вејдер носена во првите филмови.

Исто така, на аукцијата на американската аукциска куќа „Profiles in History“, ќе бидат понудени и костимите од „Титаник“, кои ги носеа Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо, како и костимот на Дороти од „Волшебникот од Оз“.

Проценето е дека маската и кацигата на Дарт Вејдер ќе бидат продадени за најмалку 250.000 долари, а најмногу за 450.000 долари, што значи дека би можела да достигне една од највисоките цени некогаш за примероци од колекцијата на „Војна на ѕвездите“.

Очилата што ги носеше Даниел Редклиф (30) во првиот филм од 2001 година „Хари Потер и каменот на мудроста“ се очекува да постигнат цена од 30.000 долари.

Насловот на аукцијата е „Иконите на Холивуд“ и се очекува вкупна продажба од 10 милиони долари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...