Власта иницира продолжување на преговорите за законот за ЈО

204

Премиерот Зоран Заев најави дека преку писмена иницијатива денеска ќе направи обид да продолжат разговорите за законот за јавното обвинителство за решението да биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус.

Решение, рече Заев, мора да се најде, иако предметите се обезбедени и одат под надлежност на јавниот обвинител.

– Денеска почнуваме со писмена иницијатива на тоа што го разговаравме. Продолжуваме да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии во Парламентот за да изнајдеме решение. Не се откажуваме. Мислиме дека можеме да најдеме решение. Принципилено сме поставени. Апсолутно мислиме дека авангардни чекори поставуваме отворајќи како понуда обвинителство за гонење на висока корупција кадешто обвинителот ќе биде на предлог на опозицијата, а Парламентот ќе го бира – рече Заев, додавајќи дека писмените предлози ќе ги каже министерката за правда Рената Дескоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...