„Владата на Бразил е одговорна за катастрофата на Амазонија“, флаери во Атина

123

Неколку членови на анархистичката група „Рувиконас“, вчера упаднаа во објектот во кој е сместена резиденцијата на амбасадорот на Бразил во Грција, фрлија флаери и си заминаа, а нема информации за приведени лица, jави дописничката на МИА од Атина.

„Владата на Бразил е одговорна за катастрофата на Амазонија“, пишуваше на флаерите кои ги фрлија, а преку познат анархистички сајт, членовите на „Рувиконас“, во опширен текст ја презедоа одговорноста за упадот и објавија кусо видео.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...