Меланија со стајлингот направи хаос: Сите зборуваат за вознемирувачкиот детаљ на палтото! ФОТО

„Спорната“ фотографија била направена вчера кога во текот на церемонијата Доналд и Меланија Трамп биле во Белата куќа и Пентагон

2430

Еден твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој ја објави фотографијата од одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11 септември направи вистински метеж на интернет, а сè поради капутот кој го носела првата дама Меланија.

Имено, некои од корисниците на социјалната мрежа велат дека дел од нејзиниот капут, по должина на работа, одговара на вознемирувачката сцена од 11 септември, односно личи на авионот кој се забива во една од кулите на Светскиот трговски центар.

„Спорната“ фотографија била направена вчера кога во текот на церемонијата Доналд и Меланија Трамп биле во Белата куќа и Пентагон, кога Меланија носеле краток, црн фустна на Ралф Лорен.

На фотографијата се прикажани Доналд и Меланија Трамп завртени со грб. Меланија носи долг капут кој е шиен со бел конец. „Никогаш нема да заборавиме“, пишува на фотографијата.
Заматената фотографија на твитот на претседателот ги прикажува Доналд и Меланија свртени со грб како гледаат во далечина. Меланија на фотографијата има долг црн капут опшиен со бел конец.

„Никогаш нема да заборавиме“, пишува под американското знаме на фотографијата.

Кога фотографијата ќе се зголеми, конецот и копчето на долниот дел од капутот потсетуваат на кула и авион, што веднаш предизвикало хаос на Твитер.

Твитерџиите веднаш започнаа да објавуваат фотографии на кои што спорниот детаљ е зумиран, а иако навистина сето тоа потсетува на немилата сцена од 11 септември 2001 година во Њујорк, многумина сметаат дека тоа е „сепак само еден обичен отвор на нејзиниот капут“.

„Дали е ова авионот кој се заби во кулите близначки на позадината на палтото на Меланија?!?“, рекол корисникот Ејб Калдвел во неверување.

„Не сакам да звучам како залуденик за теории на заговор, но дали некој друг гледа авион како паѓа во кула на палтото на Меланија?“, прашала корисничката Кити Хил.

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...