Заев: Нека му е на чест на Милошоски, лажги со опашки е дека Катица Јанева за 10 дена ќе оди во куќен притвор

3109

Лажги без опашки, вака премиерот Зоран Заев го демантираше пратеникот Антонијо Милошоски за обвинувањето дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

– Строго ги деманитрам ваквите лаги, бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски – изјави Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...