Претседателот на Собранието Талат Џафери е под силен притисок од владејачката партија на Зоран Заев колку што може да го оддолжува разрешувањето на осомничената обвинителка на СЈО Катица Јанева која е во притвор поради аферата „Рекет“, велат за Плусинфо од опозицициската ВМРО – ДПМНЕ чии пратеници вчера побараа да се стави на дневен ред на итна пленарка како прва точка, разрешувањето на Јанева, откако пропадна лидерската средба.
Мандатот на Јанева истекува на 15 септември и токму ова, според нашите извори Џафери под притисок на високи функционери од СДСМ, го користи како адут седницата да ја закаже можеби и за викенд за да не може Советот на обвинители да ја потврди одлуката на пратениците кои претходно на собраниската Комисија за избори и именувања едногласно заклучија дека Јанева треба да се разреши поради незаконско, нестручно и несовесно работење.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски токму овој план за спас на Јанева од разрешување поттикнато поради нејзино нестручно, незаконско и несовесно работење се сомнева дека е скроен во координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Тој вчера јавно праша дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта кои што учествувале во аферата „Рекет“ со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации со кои што ќе ја докаже вмешаноста и на државниот врв.
По ова Џафери вчера изјави дека седницата ќе биде закажана навреме пред истекот на мандатот на Јанева, а тоа може да се случи и за време на викендот. Во кабинетот на Џафери денеска велат дека се уште нема информација кога ќе биде закажана седницата.
– Формално, седницата може да се закаже и денес и утре и во сабота. Истата ќе биде закажана навремено со оглед на она што политичките партии ме известија дека има писмена согласнот да се разреши Катица Јанева како специјален јавен обвинител – изјави вчера Џафери.
Во СДСМ велат дека го расчисиле прашањето за разрешувањето на Јанева уште на седницата на Комисијата за избори и именувања на која пратениците беа едногласни дека Јанева работела несовесно и нестручно и му препорачаа на Собранието да ја разреши.