Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Едвин ван дер Сар, верува дека има голмани во Премиер лигата кои можат да го заменат Давид де Хеа.
Шпанецот се пресели во Манчестер јунајтед во 2011 година, откако Ван дер Сар ја заврши кариерата.
– Другите голмани можат да ја пополнат празнината. Во Премиер лигата има неколку голмани кои можат да направат чекор напред. Се преселив во Манчестер јунајтед на 34 години, па има многу опции. Во одреден момент, ќе се донесе одлука. Време е да се одлучи веќе, но јас не сум директорот на Манчестер јунајтед – изјави Ван дер Сар.
Во последните години, медиумите редовно шпекулираат со заминување на Де Хеа.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER