Претседателот на Филипини Родриго Дутерте предложи граѓаните во државата да пукаат во службеници кои од нив бараат поткуп, но да не ги убиваат, објави весникот „Манила булетин“.
– Ако плаќате данок или нешто друго и службениците ви бараат за тоа поткуп – удрете ги. Ако имате оружје, можете да пукате во нив, но да не ги убивате бидејќи може да не добиете помилување – истакна Дутерте.
Тој нагласи дека ако во неговата администрација се појават случаи на поткуп, Дутерте ќе го повика корумпираниот и ќе му дозволи на оној од кој се барало мито да го удри службеникот.
Дутерте е познат по неговото сурово владеење и неговите драстични мерки во борба против дрогата.
ФОТО: EPA / ROLEX DELA PENA