Руни: Ако селектор на нашата репрезентација беше Гвардиола, ќе ги освоевме СП и ЕП

170
ФОТО: EPA / KIERAN GALVIN

Напаѓачот на ДСЦ Јунајтед, Вејн Руни, жали што Јозеп Гвардиола не бил селектор на Англија. Руни е убеден дека неговата генерација која играше за „Гордиот Албион“ ќе ги освоеше Мундијалот и евро-шампионатот, доколку Гвардиола беше нивен предводник.

– Погледнете ја репрезентацијата на Англија пред 10 години. Тоа беше тим со најдобар избор на играчи во историјата на фудбалот. Фердинанд, Тери, Кол, Џерард, Сколс, Лампард, Бекам, Овен, јас. Ако Гвардиола тогаш нè тренираше, ќе победивме и на Светскиот шампионат и на Европското првенство. Не се сомневам во тоа – изјави Руни.

Руни играше за Англија од 2003 до 2018 година. За ова време, 33-годишниот напаѓач помина 120 натпревари, на кои постигна 53 гола. 

ФОТО: EPA / KIERAN GALVIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...