САД одобрија 250 милиони долари воена помош за Украина

63

Администрацијата на САД одобри воена помош од 250 милиони американски долари за Украина, која претходно беше задржана.

Информацијата е објавена во пресрет на состанокот на Комитетот за распределување средства на Сенатот, на кој се очекуваа критики од пратениците од обете страни, бидејќи администрацијата ги задржа средствата веќе одобрени од Конгресот.

Дел од демократите се сомневале дали администрацијата задржала пари за да изврши притисок врз украинската влада да ја поддржи кампањата на претседателот Доналд Трамп за претседателските избори, како и да покрене истрага за еден од неговите главни ривали на изборите во САД во 2020 година.

Членовите на комисијата од републиканските и демократските партии требаше да разговараат за изменување и дополнување на нацрт-законот за трошење средства за одбрана, што би спречило слични активности на Трамп во иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...