Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека ќе закаже седница за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат, кој истекува на 15 септември, во понеделник.
Според него, има доволно време за седницата да се закаже.
Вчера мнозинството пратеници го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.