СЈО како институција и тело треба да продолжи со работа во рамки на јавнообвинителскиот систем согласно хиерахиската поставеност и правила, а доказниот видео и аудио материјал се неопходи да бидат употребувани и понатаму во постапките согласно ценењето на судиите, се ставовите на Блупринт групата, која веќе две години ги следи реформите на правосудниот систем.
Според Натали Петровска претставник на Блупринт групата, нивните анализи покажуваат дека е неопходно позиционирање на СЈО во најмала рака на ниво и степен на обвинителството за борба против организиран криминал и корупција.
– Со тоа што истите би застапувале предмети со слична тематика, меѓутоа надлежноста би била убаво утврдена и позиционирана на начин што СЈО би застапувало кривични дела, односно обвиненија што ќе се однесуваат на организиран криминал и корупција со фокус на назначени и именувани функционери, а редовното обвинителство би застапувало како и досега, изјави Петровска.
Во однос на изборот и назначувањето на обвинителите, Петровска, посочи дека нивните како група предлози се сосема спротивни од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку биде формирано одделение за гонење на организиран криминал и висока корупција, шефот на тоа обвинителство да биде на предлог на опозициската партија.
– За нас е категоричен ставот дека политичките решенија од минатото не би требало да бидат пракса и во иднина. Тие се покажаа како лоши и несоодветни решенија и сметаме дека профеаионализацијата на оваа инатитуција е повеќе од битна и доволно е што само државниот јавен обвинител доаѓа како политички предлог, меѓутоа останатите шефови на обвинителствата и одделенијата треба да се предмет на избор на Советот на јавни обвинители – изјави Петровска.
Претставник на Блупринт групата учествувал во работната група минатата недела во Министерството за правда за Законот за ЈО по што доставиле свои предлози за законското решение, но посочуваат дека во собранискиот предлог закон не се вклучени навните предлози и коментари во однос на законското решение.
Прашана за досегашните преговори за законот за ЈО, Петровска рече дека преговорите не се завршени и предлозите се ставени на маса.
– Несоодветно решение беше обидот да се направи хибрид од две-три законски предлози и решенија, кои доаѓаа како од Владата, така и од опозицијата, па и од граѓанскиот сектор. Не може повторно да оставите политички решенија, на шеф на новоформирано обвинителство, што според хиерархијата има одговорност на државен јавен обвинител – изјави Петровска.
Во однос на кредибилитетот на СЈО, Петровска, рече дека не треба кредивилитетот на институцијата да се врзува со една индивидуа.
– Сметаме дека СЈО како институција и целиот тим таму не треба да ја следат истата судбина и да бидат етикетирани од јавноста и медиумите, дека се истите непрофесионалци и немаат кредибилитет понатаму да работата – изјави Петровска.