Во Грција откриени над 23 тони забранет фреон од Кина

120

Секторот за борба со финансиски криминал од грчкото министерство за финансии, во непријавен магацин, во населба во западниот дел на Атина, откри 1939 пакувања со над 23 тони фреон за една употреба.

Фреонот бил произведен и пакуван во Кина, а е забранет во Европската унија.

Како што соопштуваат од Министерството за финансии на Грција, според искусните фактори на пазарот, откриената количина претставува историски рекорд во Европа, jави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...