За обвинителката во СЈО Ленче Ристовска нема дилеми дека СЈО постои. Таа не сакаше да открие детали и само најави дека денеска СЈО ќе излезе со соопштение во врска со дописот што го добиле од ЈО за преземање на предметите.
– СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение – рече Ристовска.