Десет дена затворен за сообраќај крак на улицата Христо Татарчев

520

Поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од денеска па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица Христо Татарчев, на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек. Целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица (околу објектот на Енергосистем).

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...