Според српски „Курир“, некогашниот тениски шампион пиел два дена без прекин, така што на крај му се слошило.
„Боб не штеди на храна и пијалак. Тој неодамна организираше дружење во просторијата за прослави до вилата Живојиновиќ и поминал два дена подготвувајќи многу вкусни специјалитети во кујната, по кои е познат. Додека тој се подготвуваше за празникот, пиеше виски. Знаејќи дека е добар домаќин и дека никој никогаш не излегол гладен и жеден од неговата куќа, Бобо ги нудел пријателите да јадат и пијат, отворајќи шише по шише“, цитира за „Курир“ анонимен извор.
– Во еден момент, Бобо само падна на двоседот затоа што се чувствуваше лошо. Веднаш неговите пријатели го внеле внатре и тој им кажал дека е во ред и дека тоа не е ништо. Сепак, не можел да стане. Тие повикаа брза помош, што пристигна за 10 минути. Го прегледале Живојиновиќ и утврдиле дека тој е во лоша состојба поради алкохолот, но дека нема потреба да го одведат во болница. Брена била толку исплашена за нејзиниот сопруг што почнала да се задушува – тврди изворот за „Курир“.
Живојиновиќ бил подобар следниот ден, но сепак, го поминал во кревет.