Дизајнот на новите „Ајфони“ ја поттикнува трипофобијата кај луѓето кои страдаат од ова нарушување. „Ајфон 11 Про“ и „Про Макс“ на задната страна имаат три камери со 4х оптички зум… Но, проблемот е во тоа како камерите се распоредени.
Имено, луѓето кои страдаат од трипофобија всушност се плашат од многу дупки на исто место, како на пр., кај пчеларникот. Такви површини едноставно им предизвикуваат непријатности и тие не можат да ги гледаат. А, трите камери на новиот „Ајфон“ имаат токму таков облик.
„Ајфон 11 треба да оди со предупредување за трипофобија”, „Ако купите ваков мобилен, немојте да ми го покажувате”, „Трипофобијата постои, а новиот Ајфон ја поттикнува”, „Нема да можам да живеам ако луѓето околу мене шетаат со ваков мобилен” – се само дел од коментарите на интернет.
Првото научно истражување за оваа фобија е објавено 2013 година во списанието „Сајколоџикал сајенс”. Научниците ја објаснуваат како еволуциска последица и таквите слики кај некои луѓе предизвикуваат страв, можеби затоа што визуелните карактеристики тука ги потсеќаат на некои отровни организми, на пр., змии или пајаци.
ФОТО: МИА