Браво за ДУИ што не се мешаат во законот за обвинителство.
Кога си чист и чесен, нема обвинителство што може да те уплаши.
***
– Сите ќе умрете. Некој после, некој сега.
– Знам. Ми кажаа од СЈО.
***
Лидерска средба без Павле Трајанов, ти е ко изложба на најбрзите автомобили без Југо.
***
Кај се раздава пченица за СЈО?!
***
Земјата е Наша, ама буџетот е Нивни.
***
Тие што се најзависни од државата, најпосветено честитаат независност.
***
На нас нека ни е честит денот на независноста, а на политичарите нека им е честит пленот од независноста.
***
И овој Кирацовски ептен голем баксуз.
Само една слика да имаш со Боки и баш на таа да му пејш серенада на увце, ко да сте тазе фатени…
***
Тие шо се иселија – се иселија, нас шо останавме ќе нѐ изгазат моторџии, а нив ќе ги убие загадениот воздух.
И ко да видиш, пак ќе немат кој да ја згаснит сијалицата на аеродром.
(Избор ФБ постови на авторот, познат охридски мрчатор)