Битола умира за Македонија да свети!

Зошто локалната власт пред година и пол гласаше против ист ваков заклучок за намалување на ефектите од загадувањето од РЕК Битола и зошто има толку многу ненадлежни за овој проблем?

3716
Секоја мерка која е во интерес на граѓаните прво ја поздравувам и посакувам нејзина што помасовна реализација низ домаќинствата во Македонија. Но , сепак сакам јавно да прашам:
Дали е во ред битолчани, како најпогодени од ефектите од производството на струја од РЕК Битола, заедно со жителите на Новаци и Могила, да бидат ставени во ист ранг со другите кои не се толку погодени, како ние тука?
И зошто локалната власт пред година и пол гласаше против ист ваков заклучок за намалување на ефектите од загадувањето, кој требаше да биде испратен до Владата на усвојување, со кој за нас најпогодените населени места и општини околу РЕК Битола ќе значеше континуирано субвенционирање на струја!?
Да биде уште пожално, под притисок се усвои дополнително, за Владата да се прогласи за ненадлежна. И навистина, денес заменик министерот за животна средина, по потекло битолчанец, треба да се срами шо  излегува, бидејќи и неговото министерство се прогласи за ненадлежно.
И да, можеби ви звучи безобразно, дрско и невоспитано, ама Битола умира за Македонија да свети! Битола не заборава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...