Осумнаесетгодишната сестра на Луис Томлинсон, ѕвездата на „Уан дирекшн“, која почина на почеткот на годината случајно се предозирала со коктел од кокаин, „ксанакс“ и „оксикодон“, јавуваат денеска британските медиуми.
Фелисити Томлинсон била пронајдена без знаци за живот со „бели усни“ утрото, откако консумирала кокаин со пријателката. Брзата помош се упатила кон нејзиниот стан во западен Лондон во март годинава, после што било пронајдено нејзиното тело, но било предоцна и таа била прогласена за мртва веднаш.
На суд, било откриено дека младата инфлуенсерка, која на Инстаграм ја следел 1,5 милиони луѓе, имала долга историја на користење дрога по смртта на нејзината мајка Џохана, која починала од леукемија во 2016 година.
Роднините присуствувале на денешното рочиште, но нејзиниот брат Луис Томлинсон не се појавил, пренесува „Сан“.
„Тоа беше совршено бура, „оксикодон“, „алпразолам“ (ксанакс) и кокаин“, рекла вештакот Ширли Редклиф, додавајќи дека не пронашла ниту еден доказ дека станува збор за намерен чин со кој сакала да му стави крај на животот.
За време на сослушувањето, нејзиниот татко Марк Томлинсон изјавил дека била сакана ќерка и сестра која уште од рана возраст се покажала како темпераментна и прекрасна со децата.
„Таа беше љубезна, грижлива, весела, страсна, популарна и убава млада дама“, додал тој. „Им недостасува на секој што ја познаваа и сакаа…“
FOTO: Instagram/Printskrin