Француските министри за економија и за буџет, Бруно ле Мер и Жералд Дарманен, добија анонимни писма со заканувачка содржина.
Според локалните медиуми, писмата пристигнале на адреса, каде што се наоѓаат двете министерства, а во едното биле ставени три куршуми.
Во друго писмо пишувало и дека ќе биде „урната“ куќата на Ле Мар на Атлантските Пиринеи, каде живее мајката на министерот. Трето писмо пристигнало во неговиот дом, со закани дека „ќе биде направен прав“.
Ле Мар планира во следните денови да се обрати до органите на редот и да даде изјава во врска со добиените закани.