Ајде па наредна лидерска во Идризово да ви е!

„ВМРО бара да предложи обвинител на СЈО“. Наредно е ИСИС да излезе со свој кандидат за претседател на Америка.

6346

„Заев и Мицкоски се согласија дека СЈО е мртво“.

Заев и Мицкоски се согласија дека сите криминали на СДСМ, ВМРО и ДУИ нема да се казнуваат.

Заев и Мицкоски се согласија дека со неспроведување на правда, на вас и на вашите деца (ако го лапнавте цел во име на европската иднина на вашите деца) ви е ускратено правото да живеете во европска држава со правни регулативи кои важат за сите.

Заев и Мицкоски се согласија да продолжат младите да бегаат, додека тие здружено се штитат и владеат, само под различни имиња.

Заев и Мицкоски се согласија дека уште ќе ве лечат со фалц лекови, додека умирате од сепса по нечистите клиники.

Заев и Мицкоски се согласија дека и понатаму ќе ве убиваат несредени патишта, за тие да земаат проценти.

Заев и Мицкоски се согласија дека е и натаму ќе дишите најзагаден воздух во Европа, дека уште ќе живеете во депонија која ве труе преку дишење, храна, вода додека тие носат којзнае какво ѓубре за профит.

Заев и Мицкоски се согласија да продолжат да си делат тендери без разлика кој од нив е на власт.

Заев и Мицкоски се согласија дека дивоградбите во Охрид се ок, кој го ебе УНЕСКО.

Заев и Мицкоски се согласија дека не ви е лошо да живеете во најкорумпираната држава во Европа.

Заев и Мицкоски се согласија дека тоа што не можете да го поминете месецот е ваш проблем, затоа што „сиримаштијата е личен избор“, како што би рекол мудриот потпретседател на СДСМ, Коста Петров.

Заев и Мицкоски се согласија дека 500.000 со еден оброк на ден можат да продолжат така, оти немаат работа, со два би се здебелиле.

Заев и Мицкоски се согласија да ве ебаваат уште 20 години, на смени…

Наздравје.

***


Маичка со амблемот на СЈО после лидерската, септември 2019.

***

Значи дечки ајвер е, не ајвар, не ги лутете Словенците. Тој шо ќе спомне ајвар и приватно е непријател на ЕУ и НАТО интеграциите, фашист, нацист и чувар во Аушвиц.

***

Обично вакви ликови (кој и да е младичот) не се за коментирање. Обично. Необично во ситуацијата е што не е ова само пример со Јовановиќ, туку истата порака и етикетирање на тие што користат името Македонија како националисти, фашисти, вмровци и слично, без додавката Северна доаѓа од многу страни.

Случајно? Можеби. Сепак многу поверојатно е координација, која наместо да оди по директен пат, оди преку вакви ликови.

Народот е поделен, поголем проблем е шо мора да делиме воздух со вакви ликови кои сакаат да ти спречат слобода на изразување. Во име на европските вредности и на слободата. Јебеш логика.

***

Нив од партија не ги оставаат „Македонија“ да напишат, независност ќе славеле…

***

Независност е фејк њуз.

***

Во Охрид има толку дивоградби шо полесно е да се сруши цел и одново да се изгради.

***

„Се враќаат здравствените книшки“. Практично. Да имаш кај да чуваш икона ко ќе одиш на преглед оти со ова здравство само таа можи да ти помогни.

***

Ко ќе речат „нашата држава“, не грешат. Нивни се парите, фабриките, власта, правосудството, медиумите, криминалот, олигарсите… Нивна е државата.

(Избор од ФБ статуси на Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...