Атрактивната пејачка Лепа Брена и во 58. година од животот може да се пофали со беспрекорната линија на која нејзините помлади колешки можат да ѝ завидуваат. Популарната пејачка својот младешки изглед го должи на редовното вежбање и здравата и лесна исхрана. „Навечер јадам овесна снегулки со ленено семе, како и свежи малини и капини. Тоа за мене стана рутина – рекла таа за „Хит Информер“.
Ги исфрлила млечните производи од исхраната
Таа го открила и својот утрински ритуал, кој ѝ дава енергија за сите обврски во текот на денот.
„Јас практикувам јога по утринското кафе. Тоа ме прави еластична и ми дава елан. Ги исфрлив млечните производи. Тоа е начин на исхрана кој ве прави сити, а ви е подуен стомакот и не чувствувате тежина во желудникот“, раскажала Брена, додавајќи дека често на нејзиното мени се наоаѓа риба која најмногу сака да ја јаде со некое добро вино.
Таа неодамна изјави дека доцните настапи не спаѓаат во здравиот начин на живот што таа се обидува да го води.
„Морам да признаам дека не ги сакам новите правила со кои настапите започнуваат после полноќ, тоа е нездраво и не знам каде води тоа. Не ми е јасно зошто ноќните забави во клубовите започнуваат толку доцна. Ќе се обидам да го избегнам ова во иднина и да ги закажам своите настапи во термини кога луѓето ќе можат да уживаат во нив без да ги нарушуваат утрешните обврски“, објаснила таа.
FOTO: Instagram/Printskrin