Заев: „Рекет“ води кај Мицкоски

2845

Лично јас мислам дека „Рекет“ води кај Мицкоски. Лично јас мислам, ама не е битно што мислам јас, одговори Заев на прашање да го коментира статусот на пратеникот Антонио Милошоски дека премиерот да не бил нервозен во врска со „Рекет“ синоќа ќе се постигнел договор.

– Не е важен ниту еден поединец. Русковска води сериозни предмети како „27 април“, „Рекет“ и други. Не можете да дозволите затоа што им паднало на памет на Заев и Мицкоски да го смените обвинителот кој е на 10 месеци пред крајот на својот мандат – рече Заев.

Тој подоцна на новинарско прашање рече дека така рекол за Мицкоски затоа што тој рекол претходно дека „Рекет“ води кон Заев.

Тој рече дека жали што не постигнале договор и дека ја разбира реакцијата со која новинарите изразија револт од долготрајната средба.

– Жалам што завршивме некаде по 3 часот и не успеавме да дојдеме до договор – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...