Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите

122

Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи,  во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите,  јавува дописникот на МИА од Париз, пренесувајќи соопштение од француското Министерство за надворешни работи.

На средбата на Димитров и Де Моншален е направен преглед на европската перспектива на Северна Македонија.

– Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...