Косово го даде најбрзиот гол на Англија во последните 26 години – во 34та секунда

253

Англија синоќа на дуелот со Косово во меч од квалификациите за ЕУРО 2020 прими гол во 34 секунда. Ова е најбрз примен гол на „Гордиот Албион“ во последните 26 години.

Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Лацио, Валон Бериша.

Натпреварот заврши со победа на Англија 5:3.

Најбрзиот гол англиската репрезентација го прими во ноември 1993 година. Тогаш во квалификациите за СП во 1994 година, играчот на Сан Марино, Дејвид Гуалетиери го погоди англискиот гол во осмата секунда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...