Изгубеното дете Михаил од Драчево по кое се трагаше утрово е пронајдено и е во добра здравствена состојба, потврдуваат од МВР иако велат дека случајот не бил пријавен во полиција. Медиуми јавуваат дека детето е пронајдено на автобуска станица, но нема информации како стасало таму.
Мајката апелираше на Фејсбук за помош во пронаоѓање на нејзиниот син кој е трето оделение и не пристигнал на училиште утрово.
– Ве замолувам да го пронајдеме заедно мојот син Михаел, последен пат е излезен од дома сабајле и не е отиден во училиште, случајот е пријавен и во полиција. Облечен е во сива маичка на кимоно и плави шорцеви и плави патики најк со бело знакче. За било какви информации контактирајте ме мене или јавете се во полициска станица Драчево, напиша мајката на Фејсбук.