Турската актерка Мерјем Узерли се прослави со улогата во серијата „Сулејман Величествениот“, а убавата Хурем неодамна се појавила на Филмскиот фестивал во Венеција, каде не ја тргнувала насмевката од лицето и сите очи биле вперени во неа.
Денес, Мерјем е силна и сталожена жена, која плени со својата појава. Но, морала да помине многу за да пронајде мир и среќа. Во животот, навистина не ѝ било лесно. Поминала низ навистина тешки животни ситуации, а во некои моменти нејзиниот живот беше пекол.
На 19-годишна возраст прошетала гола низ Дубаи и тогаш животот ѝ се свртел наопаку, ѝ се случила првата тешка казна во животот. За непримерно однесување таа била казнета и тоа во вид на камшикување.
„Најпрво бев шокирана од казната, а потоа на почетокот мислев дека барем нема да ме удира многу силно. Но, тоа беше пекол! Мажот кој ме камшикуваше, буквално ми се смееше во лице. Ме удри 10 пати“, открила во едно интервју истакнувајќи дека за неа, освен физичката болка која била неподнослива, таа имала и големи психички последици.
На врвот на славата, на Мерјем во почетокот ѝ „цветале рози“ и на приватниот љубовен план. Таа се запознала со бизнисменот Кан Атес, која бил 17 години постар од неа. Забременила со него, убедена дека и тој ќе ја сподели радоста поради пристигнувањето на бебето. Сепак, тој се обидел на секој можен начин да ја принуди на абортус затоа што не можел да го поднесе фактот дека може да добие трето дете.
Тој негов став ја скршил актерката. После многу размислување, таа одлучила да го роди детето, и покрај големото спротивставување на нејзиниот поранешен партнер и на свет дошла малата Лара.
Периодот пред да се роди Лара за неа бил психички најтежок па отворено признала дека била на работ на самоубиство и дека имала самоубиствени мисли.
– Една вечер во Анталија, добивам признание за мојата глума, а истата вечер се обидов да се самоубијам. Прво се обидов да ги исечам вените, а откако немав храброст за тој чин во последен момент, се обидов да скокнам од балконот – признала убавата актерка. Но, за среќа, таа секогаш се откажувала во последена момент.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тема на озборувања
И по тој тежок љубовен период, актерката не нашла среќа во љубовта. Таа имала храброст да се обиде повторно, но се чини дека актерката избира слични мажи. Нејзиниот следен избраник бил на многу начини сличен на претходниот. Тој, исто така, бил 17 години постар бизнисмен, а нивната љубов траела само два месеци.
FOTO: Instagram/Printskrin