Кајли Џенер се соблече сосема гола за „Плејбој“ ФОТО

Најмладата милијардерка на светот, овојпат направи чекор подалеку, па се фотографираше сосема гола за магазинот „Плејбој“.

805

Кајли Џенер се соблече сосема гола и со своето момче, раперот Тревис Скот, позираше за новиот број на американскиот „Плејбој“.

Една од најпопуларните жени на светот ја објави веста на Инстаграм, а фотографијата на која гола позира со своето момче за само еден час доби „лајкови“ од пет милиони обожаватели. На фотографијата Кајли Џенер носи само каубојски шешир, а тој нежно ја прегрнува.

„Кога Хјустон ќе се сретне со Л.А.“, стои во описот на фотографијата што ги „запали“ социјалните мрежи.

Нема сомнение дека новиот број на „Плејбој“ ќе урива рекорди, а обожавателите на Кајли Џенер не можат да дочекаат да ги видат сите фотографии што ги направила нивната миленичка.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...