Фијаско на лидерската – власта понудила опозицијата да предложи јавен обвинител, Мицкоски одбил

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта.

4779

Без договор заврши синоќешната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски за Законот за јавното обвинителство и за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Извори на преговарачкиот тим на СДСМ брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Власта понудила да се направи ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни.

Средбата траеше седум часа. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски не успеаја да се договорат околу клучните разлики за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО.

До 15 септември завршува мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму денеска потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите.

Согласно законските овластувања, Јавниот обвинител Љубомир Јовески треба да одреди кој јавен обвинител ќе го продолжи секој од предметите. Со ова, според власта, веќе предметите на СЈО не зависат од политичарите, туку исклучиво од независна правосудна институција предводена од Јовески.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...