По паузата, продолжи средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски на која присуствуваат и работните групи за Законот за јавното обвинителство, а која трае веќе три часа.
Во фокусот е Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот на Специјалното јавно обвинителство и судбината на предметите на СЈО.
Досега, како што пренесуваат дел од телевизите, согласност имало само околу тоа дека СЈО е мртва институција, додека нема заедничко решение за тоа кој да го избира шефот на новото обвинителство.
Вечерашната средба следи откако преговарачките тимови од двете партии во изминатиот период не изнајдоа заеднички прифатливи решенија.