Два пожара се активни во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, додека другиот пожар е кај селото Крушеица.
Сител телевизија јави дека вечерва околу 19 часот огнот се приближил на 400 метри од селото Подмол.
Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески за МИА изјавил дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, додека пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.
– Постојано имаме екипи на теренот. Сѐ уште се екипите на теренот кај Лопатица и Подмол. Се внимава пожарот да не дојде до село, но поради ветрот е непредвидлив, изјави Стојчески.