На редовната 153-та седница, Владата усвои информацијата за отпочнување со реализација на проектот Изградба на дел од фекална канализација за Индустриска зона Визбегово во Општина Бутел.
Министерството за транспорт и врски информираше дека по завршување на процесот на урбанизација на индустриската зона Визбегово, отпочнаа и веќе се во тек работите на водоводна мрежа, а сега се обезбедени и документацијата и средствата за изградба на дел од фекална канализација. Рокот за изведба на планираната канализација изнесува околу 14 месеци.