Деца запалиле душеци во училиште во Кисела Вода, па сами го изгаснале пожарот

264

Вчера во 13:28 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи пожарот веќе бил изгаснат.

Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11-годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...