Алијанса: Кој ги претставува Албанците на лидерската средба, Заев  или Мицковски?

354

Како политички субјект сме за политички дијалог, консензус и компромис за одредени прашања од политички и државен интерес, но категорично се спротивставуваме на идејата за затворена средба помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ, Христијан Мицковски, со исклучување на албанските политички сили и нивното раководство, рече Флакрон Беџет, портпарол на Алијанса за Албанците.

– Кој им дава право на премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ да ги исклучат или да не ги поканат лидерите од албанскиот политички блок. Ниту премиерот Заев, ниту лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски, не можат сами да одлучуваат за судбината на СЈО, кое некогаш беше донесено со политички и етнички консензус, иницирано од меѓународниот фактор! Кој ги претставува албанските граѓани на лидерската средба, Заев  или Мицковски? Кој ќе зборува во името на Албанците за Законот за јавно обвинителство, Заев или Мицковски? Кој ќе зборува во името на албанските граѓани, доколку евентуално се отвори темата за предвремени парламентарни избори – праша Беџети.

Тој додаде дека не се исклучуваа можноста на средбата да се дискутираа и за други актуелни теми, како пописот.

– Што можат да помислат граѓаните Албанци, ако само Заев и Мицковски   зборуваат или се договараат за пописот, зошто се  остава простор и можност некој и да згреши или да не згреши во своите констатации и предрасуди? За жал, ДУИ продолжува со својот политички дуализам со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која еднаш се согласува со владиниот предлог-законот за Јавното обвинителство и, од друга страна, има идентичен став со тој од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во републичкото обвинителство. Заев, Вие можете и да разговарате заедно со Мицковски за ДУИ и нивното име, но не на името на албанските граѓани, Можете  и  да се договорите да ги амнестирате оние поранешни и сегашни функционери вклучени во отворените предмети на Специјалното јавно обвинителство, но не можете да зборувате за правда, за реформи интеграција во ЕУ, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед, оваа средба изгледа моноетничка, далеку од мултиетничка реалност, и од политичката традиција за сеопфатен политички договор – рече Беџети и додаде дека е потребна лидерска средба помеѓу сите релевантни политички сили во земјата, да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвува земјата за парламентарни избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...