По разрешувањето на Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, за в.д. претседател на судот е избран врховниот судија Фаик Арслани.
Точката за разрешување на Вангеловски Судскиот ја разгледа зад затворени врати.
Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии.
На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.