Одгледувачите на свињи кои непланирано треба да ги заколат и предадат свињите на месната индустрија треба да бидат задоволни оти ќе добија 13.000 денари по грло за 100 килограми, бидејќи оваа цена е добра, изјави Ефтим Шаклев, претседател на Групацијата на производители на свињи при Стопанската комора на прес-конфернеција која беше соопштено дека денеска почнува откупот од месната индустрија како резултат на мерката за справување со свинската чума.
– До пред одреден период откупот на свинско месо се реализирање за 70 денари по килограм. Сега кога се реализира мерката за колење на свињите поради болеста свинска чума, Агенцијата за храна и ветеринарство определи продажна цена која е добра за одгледувачите. Тие треба да бидат задоволни што сега за 100 килограми ќе добијат 13.000 денари – рече Шаклев.
Шаклев апрелираше да се забрза процесот на улов на дивите свињи, а цариниците да реализира построги контроли на личниот багаж на патниците при влез во земјата со цел да не се дозволи производи од свинско месо да се внесат во земјава и со тоа да се изложиме на ризик да се пренесе болеста во нашата земја.
Претседателот на Групацијата за преработка на месо и прозводи од месо Гоце Трајчев информира дека кланиците на одгледувачите кои ќе одлучат да ги предадат своите грла ќе им ја исплатат пазарната цена во период од пет дена.
– Ние, како што ветивме, ќе ги откупиме сите количини на свинско месо кое ќе ги има сите документи дека е исправно, односно поседуваат здравствен сертификат кој го даваат ветеринарните станици. Месната индустрија има капацитет да ги прифати сите количини. Мислам дека повеќе од половина од откупеното месо ќе биде преработено – рече Трајчев.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство појаснија дека мерката за депопулација на свињите е со цел се намали бројот на дивите и на домашни свињи за да се намали опасноста од свинска чума.
– Ветеринарсните служби ги регистрираа речиси сите мали одгледувалишта каде се одгледуваат свињи за сопствени потреби. Мерката за депопулација особено ги третира малите одгледувалишта каде нема целосно спроведени биосигурносни мерки, со што претставуваат најголема опасност за да се заразат од африканска свинска чума. Досега е познато дека во нив се одгледуваат меѓу 13.000 и 18.000 свињи кои треба да се заколат – вели Илија Георгиев од АХВ.
Тој потсети дека веќе е утврдена пазарната цена за свињите. Од АХВ велат дека државата обезбедува дополнителни 3000 денари по заклано грло, како оштета покрај пазарната цена по која ќе се предаваат свињите и прасињата во кланиците.
Од Министерството за земјоделство информираа дека до сега се уловени 170 диви свињи, свесни де дека во однос на планираното тоа е малку, и ја префрлаат вината на Ловните друштва и концесионерите на ловиштата.
– На ваквата состојба влијае традицијата во август и септември да не се ловат диви свињи. Во овој период се одвиваат земјодлеските работи, период е на одмори, но и се организираат свадби. Концесионерите треба да го забрзаат процесот – појасни Саша Јовановиќ од Министерството за земјоделство.
Тој информира и дека Министерството гои презеде сите мерки и веќе има испратено службени лица во Србија и во Косово за побрзо информирање и координација за состојбата со свинската чума.