По скандалот на црвениот тепих, Џенифер Лопез за малку ќе паднела од балконот! ВИДЕО

Атрактивната актерка и пејачка Џенифер Лопез (50) во неделата блесна на црвениот тепих на фестивалот во Торонто каде го претставуваше својот нов филм „Hustlers“.

3643
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Атрактивната актерка и пејачка Џенифер Лопез (50) во неделата блесна на црвениот тепих на фестивалот во Торонто каде го претставуваше својот нов филм „Hustlers“.

Иако светот го обиколија само фотографиите на тип-топ средената Џеј Ло, на црвениот тепих се одвивала вистинска драма, кога активистите за заштита на животните ја „нападнале“ со памфлети на кои пишувало „Засрами се Џеј Ло“, „Џенифер Лопез не ги сака животните“, поради бундите кои ги носи во фимот, но ниту тука не се завршила приказната.

По проекцијата на филмот, публиката им аплаудирала на главните актери, кои седеле на балконот. Тие станале да ја поздрават публиката, а Џенифер во еден момент ја изгубила рамнотежата и за малку ќе паднела од балконот.

За среќа, брзо се стабилизирала, така што несреќниот случај бил избегнат.

ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...